Кошаркарскиот клуб Вардар и оваа година ја продолжи жетвата титули во младинските категории.
Први со златниот медал се закитија помладите пионери (У12) кои во денешното финале го совладаа Водно Санс со 57-48. Исклучително израмнетиот натпревар беше решен во последните минути во кои Водно Санс остана неколку напади без постигнат кош.
Откако по 30 минути игра беше 40-40, Вардар во последниот квартал прими само осум поени, а сите дилеми ги реши по четирите постигнати поени во серија на кои противникот не успеа да одговори.
Бронзениот медал во оваа категорија го освои тимот на Работнички кој во натпреварот за третото место го победи Спортисимо со 68-48.


