Екипата на МВП е нов шампион во женска кадетска (У14) конкуренција откако во финалето го совлада Бадел со 74-50.
Со тоа, кадетките на МВП ја крунисаа фантастичната сезона во која до златниот медал стигнаа со максимален ефект, без ниеден пораз. На патот до големиот успех имаа биланс 18/0 со тоа што 14 победи остварија во основниот дел од првенството, а уште четири во плејофот.

Во финалниот меч блескаше Вера Танаскоска која постигна 27 поени и заслужено беше прогласена за МВП на завршниот турнир.
Третото место во оваа конкуренција го освои екипата на Петровски од Битола која во мечот за бронзата ја совлада Струга со 60-46.


