Екипата на Оклахома Сити обезбеди пласман во финалето на Западната конференција откако гo победи Лос Анџелес Лејкерс со 115-110 во четвртиот натпревар од серијата. Актуелниот шампион така дојде до четвртиот триумф и без да му даде шанса на противникот, стигна меѓу најдобрите четири во разигрувањето за титулата во НБА.
Најважен играч за победата на гостите беше Шеј Гилџус Александар, кој постигна 35 поени. Клучниот момент на натпреварот се случи на 32,8 секунди до крајот, кога Холмгрен заби за преземање на водството на својот тим. Аџаи Мичел исто така значително придонесе за прославата, постигнувајќи 28 поени, од кои десет дојдоа во неизвесниот финиш на четвртата четвртина.
Со овој триумф, Оклахома го задржа својот совршен резултат во плејофот досега (8-0) бидејќи пред Лејкерс со 4-0 го совлада и Феникс
Леброн Џејмс имаше 24 поени и 14 скока за Лејкерс. Сепак, Џејмс промаши леј-ап на 20 секунди до крајот што можеше да му донесе водство на тимот од Лос Анџелес. Слично беше со Остин Ривс кој постигна 27 поени, но на осум секунди пред крајот на последниот свиреж промаши тројка што можеше да го израмни резултатот.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
▪️ @cavs even the series at 2-2 in East Semis
▪️ @okcthunder advance to West FinalsThe NBA Playoffs presented by @Google continue Tuesday with Timberwolves/Spurs at 8pm/et on NBC & Peacock! pic.twitter.com/rkk2jQp4tj
— NBA (@NBA) May 12, 2026
Да беше Лука Дончиќ во тимот, можеби Лејкерс ќе имаа поголеми шанси за пласман во конференциското финале, но без него, тимот од Лос Анџелес едноставно не беше конкурентен за можеби најдобриот тим во лигата. Тандер ги победи Лејкерс осум пати оваа сезона, а не им влијаеше ни тоа што првпат во овогодишниот плејоф влегоа во последната четвртина со негатива.
Во вториот натпревар од ноќешната програма, Кливленд го победи Детроит со 112-103 и израмни на 2-2 во серијата.


