Како и во првата рунда од плејофот, Детроит се наоѓа на работ на елиминација откако ноќеска на домашен терен загуби од Кливленд со 113-117, по продолжение.
Тимот од Охајо сега води со 3-2 и следниот меч го игра на домашен терен, исто како што во првата рунда беше ситуацијата на Детроит во серијата со Орландо (Меџик водеше и со 3-1). За да стигнат до конференциското финале, каде веќе чека Њујорк, на Пистонс сега им се потребни победи на двата претстојни натпревари.
Најдобриот тим на Истокот од основниот дел на сезоната може да жали за исходот од четвртиот меч бидејќи во првата четвртина водеше со 15 разлика, а на точно три минути пред крајот беше +9 (103-94). И тука домаќините застанаа, Кливленд го заврши основниот дел со серија од 9-0, а имаше и шут за победа преку Мичел, за низата да продолжи со уште четири поени во продолжението. Рид накратко ја прекина, но следуваше уште една серија од 5-0 за водство од 112-105 која Детроит не можеше да ја анулира.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) May 14, 2026
▪️ @cavs win Game 5 on the road, take 3-2 series lead
The NBA Playoffs presented by @Google continue Friday with Cavaliers/Pistons and Spurs/Timberwolves Game 6s on Prime! pic.twitter.com/C6ABYti6jB
Џејмс Харден одигра извонреден натпревар, постигнувајќи 30 поени, со осум скока и шест асистенции, Мичел постигна 21, а Струс 20. Остана некрунисана одличната партија на Кејд Канингем кој заврши со 39 поени, па Детроит ќе мора во Охајо да ја спасува сезоната.


