Кошаркарската федерација на Македонија, во договор со финалистите, го обзнани распоредот за серијата за шампионската титула во Суперлигата.
Финалето почнува в недела, на 17 мај од 20:30 часот, а МЗТ Скопје како подобропласиран, ќе ја има предноста на домашниот терен. Првите два меча се играат во „Јане Сандански“, а потоа серијата се сели во населбата Маџари, во салата при Основното училиште „Наум Наумоски Борче“.
Со оглед на тоа што се игра до три победи, најраниот термин кога може да биде познат новиот шампион е 23 мај бидејќи тогаш се игра третиот меч од серијата. Ако биде потребно, четвртиот и петтиот натпревар се на програмата на 27 и 30 мај што значи дека секако до крајот на овој месец ќе заврши актуелната сезона.
СУПЕР ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ – ФИНАЛЕ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
ПРВ НАТПРЕВАР – 17 МАЈ (НЕДЕЛА):
МЗТ Скопје Аеродром – Маџари
ВТОР НАТПРЕВАР – 20 МАЈ (СРЕДА):
МЗТ Скопје Аеродром – Маџари
ТРЕТ НАТПРЕВАР – 23 МАЈ (САБОТА):
Маџари – МЗТ Скопје Аеродром
АКО БИДЕ ПОТРЕБНО
ЧЕТВРТИ НАТПРЕВАР – 27 МАЈ (СРЕДА):
Маџари – МЗТ Скопје Аеродром
ПЕТТИ НАТПРЕВАР – 30 МАЈ (САБОТА):
МЗТ Скопје Аеродром – Маџари


