Сан Антонио Спарс ја победи Минесота Тимбервулфс со 139-109 во шестиот натпревар од полуфиналето на Западната конференција и со 4-2 обезбеди пласман во финалето каде ќе се сретне со Оклахома Сити Тандер.
Немаше никаква неизвесност на овој натпревар затоа пто гостите рано направија висока предност, а во третата четвртина ги решија сите дилеми околу победникот. Затоа тренерот на Сан Антонио, Мич Џонсон можеше да ги одмори главните играчи, па Вембанјама на теренот помина само 27 минути и за тој период постигна 19 поени.
Најефикасен беше Стефон Касл постигна 32 поени, имаше 11 скока и шест асистенции, а Диерон Фокс додаде 21 поен и девет асистенции во убедливата победа на Спарс. Најголемата предност за тимот од Тексас, кој не беше во негатива во ниту еден момент од натпреварот, изнесуваше 37 поени. Најдобри играчи за Вулвс беа Ентони Едвардс со 24 и Теренс Шенон Џуниор со 21 поен.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) May 16, 2026
▪️ @DetroitPistons force Game 7
▪️ @spurs advance to West Finals
The NBA Playoffs presented by @Google continue Sunday with Cavs/Pistons Game 7 at 8pm/et on Prime! pic.twitter.com/7EMn5Nqha0
Вториот финалист во Источната конференција ќе бидат познати по натпреварот во недела, откако Детроит Пистонс ја спаси меч-топката на Кавалирс во Кливленд. Кавс имаа предност од 3-2 и одлучувачки натпревар пред своите навивачи, но загубија со 94-115.
Победата на Детроит од 21 поен го израмни рекордот на НБА плејофот за разлика во поени во шестиот натпревар на гостински терен на 2-3 и во опасност од елиминација. Сент Луис Хокс досега го држеше сам овој рекорд откако го победи Минеаполис Лејкерс со 117-96 во финалето на Западната конференција во 1960 година.
Пистонс ги добија сите четири натпревари оваа сезона кога беа во опасност да бидат елиминирани од плејофот. Најдобриот тим на Истокот губеше со 1-3 од Орландо во првото коло, а потоа победи на три натпревари по ред. Сега ја спаси и меч-топката на противникот. Њујорк Никс го чека победникот од оваа серија во финалето на Истокот.
Кејд Канингем постигна 21 поен, а Џејлен Дурен додаде 15 поени и 11 скока за победничкиот тим. Прв стрелец на Кавс беше Џејмс Харден со 23 поени.


