Виктор Вембанјама имаше историски настап во првиот натпревар од финалето на Западната конференција. Тој го заврши мечот со 41 поен и 24 скока во драматичната победа над Оклахома Сити Тандер, по две продолженија .
По натпреварот, НБА легендата Шекил Онил дури и смисли нов прекар за младата ѕвезда.
„Неговото американско име е Тим Робинсон. Играше како Тим Данкан и Дејвид Робинсон. Тим Робинсон излезе да игра синоќа“, рече Шек во „Inside the NBA“.
Вембанјама е најпознат по својот прекар „Вемби“ или „Вонземјанинот“. Вториот прекар е инспириран од неговата неверојатна комбинација на висина, распон на рацете, атлетизам и вештина.
Со своето ремек-дело во првиот натпревар, Вембанјама стана само вториот играч во историјата на НБА – заедно со Вилт Чемберлен – кој постигнал најмалку 40 поени и 20 скока во своето деби во финалето на конференцијата. Ѕвездата на Сан Антонио Спарс, исто така, му се придружи на Дејвид Робинсон како единствени играчи во историјата на франшизата кои постигнале 40 или повеќе поени и 20 или повеќе скока во плејоф натпревар. Робинсон го оствари овој подвиг во 1996 година.


