Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија ги изрече казните за дуелите од завршницата на плејофот.
Најлошо помина Маџари кој за техничките грешки на двата натпревара доби вкупна казна од 118.400 денари. Најголема ставка се трите технички грешки на клупата, на вториот натпревар кои го чинат клубот 76.800 денари.

Суспензија доби помошниот тренер на Маџари, Ангел Тасевски кој беше исклучен на вториот меч и на следните два натпревара на овој тим нема да може да седи покрај клупата.


