Екипите на МЗТ Скопје и Феникс изборија пласман во големото финале од пионерската лига на Македонија (У14) на завршниот турнир што се игра во „Јане Сандански“.
Денеска тие беа многу подобри од своите ривали и остварија убедливи победи. Феникс го совлада МВП со 84-72, а домаќинот МЗТ Скопје беше убедлив против Водно Санс и го совлада со 102-70.
Финалниот меч е на програмата утре од 15 часот, а од 12:30, Водно Санс и ФМП ќе играат за бронзениот медал.


