Долгогодишниот младински репрезентативец на Македонија, Димитар Зетов од идната сезона ќе ја напушти домашната кошарка и ќе се пресели во САД.
Тој ќе им се придружи на Андреј Шошкиќ и Теодор Симиќ и ќе настапува во НЦАА лигата. Нов тим на Зетов е Универзитетот Мисури Стејт Берс од градот Спрингфилд, а кој се натпреварува во САД Конференцијата. Последната сезона ја заврши на осмото место во својата конференција, а своите натпревари како домаќин ги игра во Грејт Саутерн Барн арената, со капацитет од 11 илјади гледачи.

Младиот струмичанец последната сезона ја заврши во тимот на Кожув со кого влезе во топ-6, а претходно играше и за МЗТ Скопје. Своевремено за него беше заинтересиран и Партизан каде беше и на проба, додека ги помина сите младински репрезентативцни селекции. Интересно е тоа што и Теодор Симиќ, кој настапуваше оваа сезона со Зетов во Кожув, ќе ја продолжи кариерата во НЦАА.


