Тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов од денеска е втор најтрофеен тренер во историјата на македонското кошаркарско првенство.
Младиот струмички стручњак ја освои својата четврта титула, сите во период од нешто повеќе од три сезони (во 2023 година го презеде МЗТ Скопје во плејофот). Одамна е најуспешен тренер во историјата на МЗТ Скопје, но сега сериозно атакува на рекордот на Марин Докузовски.
Денеска тој ги помина Емил Рајковиќ и Стерија Андоновски кои имаат по три титули во македонското првенство. Рајковиќ три пати триумфираше со Фени Индустри (сегашен Тиквеш), а Андоновски трите трофеи ги освои го Работнички.
Пред Атанасов, сега е само Марин Докузовски кој има седум шампионски трофеи, сите освоени со Работнички. Со оглед на тоа што станува збор за само 32-годишен стручњак, јасно е дека предводникот на МЗТ ќе има уште многу шанси да постави нов рекорд во македонската кошарка.


