Реал Мадрид потврди дека шпанскиот репрезентативец Усман Гаруба доживеал целосна руптура на левата Ахилова тетива за време на полуфиналето на Евролигата.
Гаруба се повреди против Валенсија, а по лекарските прегледи, утврдена е сериозноста на повредата при што мадридскиот клуб објави дека Гаруба ќе биде опериран во наредните денови. Повредата се случи на почетокот на последната четвртина од натпреварот, по движење без контакт. Гаруба веднаш падна на подот, држејќи ја левата нога, а медицинскиот тим и соиграчите брзо му притрчаа на помош.
Центарот не можеше сам да го напушти теренот, па беше однесен во соблекувалната со помош на соиграчите. Во моментот на повредата, Реал Мадрид водеше со 86-73, на нешто повеќе од девет минути до крајот на натпреварот.
Избраниците на тренерот Серџо Скариоло успеаја да го одржат водството и да се пласираат во финалето на Евролигата, но мадридскиот клуб не успеа да го освои трофејот откако загуби од Олимпијакос со 85-92 во финалето.
Според стандардните медицински проценки, закрепнувањето од целосно кинење на Ахиловата тетива трае помеѓу девет и 12 месеци, што значи дека Гаруба се соочува со долга пауза и неизвесно враќање на теренот во текот на следната сезона. Не е исклучено воопшто да не се појави на терените претстојната натпреварувачка кампања и да ѝ се врати на кошарката дури во сезоната 2027/28.


