Екипата на Њујорк Никс обезбеди пласман во финалето на НБА, за првпат од 1999 година, откако го победи Кливленд Кавалирс со 130-93 за вкупни 4-0 во финалната серија од Источната конференција.
Карл Ентони Таунс постигна 19 поени и 14 скока, Ануноби додаде 17 поени, а Никс доминираа во натпреварот и ја остварија 11. победа по ред во плејофот, како само четврта екипа во историјата со ваков подвиг. Последниот тим што го стори тоа беше Голден Стејт во 2017 година, кога победи на 15 натпревари по ред и ја освои својата втора титула во три сезони. Сите победи на Никс во овогодинешните плејоф натпревари беа двоцифрена, со просечна разлика од 23,7 поени.
Тренерот на Њујорк, Мајк Браун, ги извади своите стартери на 7:47 минути до крајот на натпреварот, кога неговиот тим водеше со 35 поени разлика, додека навивачите на Никс скандираа „Никс во четири!“. Навивачите на Њујорк беа побројни од домашните навивачи, а меѓу познатите лица во публиката беа Спајк Ли, Трејси Морган, Тимоти Шаламе и Кајли Џенер.
Њујорк во финалето ќе игра против бранителот на титулата Оклахома Сити Тандер или Сан Антонио Спарс. Финалето на Западната конференција моментално е нерешено 2-2, а натпреварот број пет е закажан за вторник во Оклахома Сити. Тандер или Спарс ќе имаат предност на домашен терен во финалето поради нивниот подобар настап во регуларната сезона.
Ова ќе биде трето учество на Никс во НБА финалето од нивната последна титула во 1973 година. Тие загубија од Хјустон во седум натпревари во 1994 година и од Сан Антонио во пет натпревари во 1999 година. Мајк Браун стана 15. тренер од спојувањето на НБА и АБА во 1976 година кој стигна до НБА финалето во својата прва сезона со тимот. Њујорк го ангажираше откако се раздели со Том Тибодо по поразот од Индијана минатата сезона во финалето на Источната конференција. Ова ќе биде второ учество на Браун во НБА финалето во неговата тренерска кариера, откако претходно стигна до финалето со Кливленд во 2007 година.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) May 26, 2026
▪️ @nyknicks advance to the NBA Finals for the 1st time in 27 years
The NBA Conference Finals presented by @Google continue Tuesday with Spurs/Thunder Game 5 at 8:30pm/et on NBC & Peacock! pic.twitter.com/k5G6tkmRp2
Њујорк ги доби сите три одлучувачки натпревари во плејофот оваа година со најмалку 30 поени разлика. Ја демолира Атланта со 140-89 во првото коло, а потоа ја победија Филаделфија со 144-114 во конференциското финале за нова „метла“. Џејлен Брансон беше прогласен за MVP на серијата откако имаше просек од 25,5 поени и 7,8 асистенции.
Донован Мичел постигна 31 поен за Кливленд, кој загуби плејоф серија без победа за првпат од финалето на НБА во 2018 година против Голден Стејт.


