Поранешниот европски шампион Барселона го сака Жељко Обрадовиќ за свој нов тренер, објавуваат шпанските медиуми.
Според Мундо Депортиво, каталонскиот клуб сега разгледува опција што до неодамна изгледаше речиси незамислива – доаѓањето на Жељко Обрадовиќ, најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата. Откако се појави информација дека Чави Пасквал практично решил да го напушти клубот на крајот од сезоната и да се пресели во Дубаи, челниците на Барса почнаа да разгледуваат алтернативи.
Имињата што се издвојуваат во последните денови се Ибон Наваро, сегашниот стратег на Уникаха, со кого Барселона наводно веќе имала прелиминарен договор, како и Василис Спанулис, поранешниот тренер на Монако.
Но, според најновите вести од Шпанија, Барселона би можела да добие сосема нова насока во потрагата по главен тренер за сезоната 2026/27, бидејќи во игра влезе име што би ја потресло целата Евролига – Жељко Обрадовиќ.
Искусниот српски стручњак, кој има 66 години, моментално е без клуб откако поднесе оставка од Партизан на крајот на ноември.


