Во Италија се подготвува голем кошаркарски проект, а во него учествуваат две големи имиња од регионов.
Според италијанскиот инсајдер Алесандро Луиџи Маџи, тимот на Рома ќе биде претставен во следните неколку дена. Клубот од италијанската престолнина ќе се натпреварува во Серија А.
Тренер ќе биде Александар Ѓорѓевиќ, познат српски стратег, кој се враќа во клупската кошарка по долго време. Еден од акционерите, Лука Дончиќ, суперѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, инсистираше да биде ангажиран поранешниот селектор на Србија кој последниот ангажман го имаше во Кина во 2024 година.
На чело на овој амбициозен проект е Дони Нелсон, поранешниот генерален менаџер на Далас Маверикс, чие пријателство со Дончиќ датира од времето кога Лука играше за тимот од Тексас. Нелсон го создаде тимот што играше во големото финале од НБА лигата во 2024 година. Проектот е граден за да се натпреварува во НБА Европа, но не е исклучено, ако тоа пропадне, наскоро да се вклучи во Евролигата.


