Минатиот викенд, Олимпијакос се врати на европскиот трон по пауза од 13 години и тоа на теренот на нивниот најголем ривал Панатинаикос.
Клубот од Пиреја го крена трофејот наменет за победникот во Евролигата во култната арена ОАКА, што очигледно тешко му падна на сопственикот на „детелинките“, Димитрис Јанакопулос, особено поради тоа пто неговиот клуб воопшто не стигна до Ф4. Покрај сето ова, Атињаните го чекаат почетокот на полуфиналната серија од грчкото првенство во која ќе се соочат со ПАОК (првиот натпревар четврток, 18:00 часот), а Панатинаикос се одлучи за малку чуден метод пред овие судири – целосна дезинфекција на арената.
Ολοκληρώθηκε η διαδικασία απολύμανσης και βιολογικού καθαρισμού στους χώρους και τις κερκίδες του T-Center ώστε να είναι έτοιμες να υποδεχθούν ξανά τους φίλους του Παναθηναϊκού AKTOR.#paobcaktor pic.twitter.com/6LLO4DlcGw
— Panathinaikos BC (@Paobcgr) May 27, 2026
Доста бизарно, но „зелените“ го објавија овој чин на социјалните мрежи, објаснувајќи дека процесот е спроведен со цел целосно да се врати ликот на самиот објект и да се врати во првобитната состојба. Целиот комплекс е подложен на дезинфекција и целосен процес на чистење, а работата не го вклучувала само ентериерот, туку и надворешноста на ОАКА.
Всушност, потег што не се гледа често, а можеби и контроверзен, Јанакопулос сака да му испрати порака на својот најголем ривал, иако е малку веројатно дека какво било чистење ќе го избрише она што е напишано, а тоа е дека Олимпијакос го освоил трофејот на непријателска територија.


