Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше еден од најзаслужните за почетното водство на Баерн во полуфиналната серија од бундеслигашкиот плејоф.
Баерн го совлада Бон со 83-78, а нашиот плејмејкер буквално блескаше на теренот и имаше огромен придонес за пресвртот откако шампионот во последната четвртина имаше негатива и од 14 разлика. За 23 минути во игра, Димитријевиќ оствари дабл дабл со 10 поени и неверојатни 14 асистенции, а својата ѕверска партија ја комплетира без ниедна загубена топка.
Полуфиналето во германскиот шампионат се игра до три победи, а Баерн е домаќин и на вториот меч кој се игра на 1 јуни.


