Женската екипа на Вардар суверено ја освои титулата во кадетска конкуренција (У16) откако попладнево, во финалето го совлада Спорт Тим со 84-45.
„Црвено-црните“ беа фаворитки на овој меч, но по израмнетото прво полувреме, отпорот на противникот го сруши во третата четвртина која ја доби со 29-3. Како резултат на тоа, последните десет минути останаа само како формалност за двете екипи.
Димитровска со 24 поени беше најефикасна кај Вардар, но лидер на „црвено-црните“ беше Теа Трајковска која заврши со 19 поени, 12 скока и шест асистенции за индекс 30. Динова го предводеше Спорт Тим со 21 поен и 10 скока, но и таму лидер на екипата беше Митановска со 15 поени и 16 скока.


