Финалната серија во НБА лигата сè уште не почнала, а Џереми Сохан веќе планира каде ќе го стави шампионскиот прстен. Што и да се случи, крилниот играч на Њујорк Никс ќе биде шампион на НБА.
Без разлика дали ќе го освои со својот тим или Сан Антонио Спарс ќе го кренат трофејот, Сохан сигурно ќе ја добие наградата. Прстените им се доделуваат на сите играчи кои биле дел од тимот во текот на таа сезона. Сохан ја започна сезоната со Спарс, за кои настапи во 28 натпревари пред да биде ослободен.
По паузата за Олстар натпреварите, тој потпиша со Њујорк и играше во 16 натпревари од лигашката сезона. Во плејофот запиша пет настапи на кои просечно постигнуваше по четири поени и еден скок, а последниот пат беше на паркетот во второто коло на Истокот против Филаделфија.
Сохан беше деветти избор на драфтот во 2022 година, избран од Сан Антонио. Тој беше клучен играч во ротацијата за овој тим многу рано во својата кариера, но неговата улога во тимот значително се намали оваа година.
Финалето на НБА започнува во среда, кога Сан Антонио е домаќин на Њујорк во „Фрост Бенк Центар“.


