Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден одличен натпревар за Баерн, во плејофот од Бундеслигата.
Актуелниот шампион води со 2-0 против Бон откако вечерва, во вториот натпревар на домашен терен победи со 91-69. Димитријевиќ на теренот помина 21 минута и за тој период постигна 13 поени и шест асистенции со само едно промашување од угра и едно од линијата за слободни фрлања.
Серијата сега се сели во Бон каде на 4 јуни се игра третиот натпревар и ако Баерн победи ќе се пласира во големото финале. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Алба и Бамберг, а тимот од Берлин исто така има водство од 2-0.


