Селекторот на машката сениорска репрезентација, Жозеп Мариа Берокал го објави поширокиот список на кошаркари на кои ќе смета за претстојните натпревари од третиот и последен ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот во 2029 година.
За дуелите со Ирска во Скопје и Луксембург на гостински терен, машката сениорска репрезентацијата на Македонија ќе тренира во Скопје. Првиот официјален собир е закажан за 15 јуни, со почеток во 10 часот, во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје.
На списокот има 25 кошаркари, дел од нив со дебитантски повик во националниот тим (Павел Иванов, Мухамед Тачи, Никола Бојчев…), а има и повратници како Рубин Стефанов, Лејсон Зеќири, Амар Хот и Петар Бошалески кои играа кај претходните селектори, а првпат добиваат повик од Берокал. Селекцијата, сепак, ќе ја предводат искусните Војдан Стојановски и Андреј Јакимовски, а на списокот е и Ненад Димитријевиќ.
Македонија има 99% обезбеден пласман во следната фаза од претквалификациите и тоа му дава можност на селекторот дури и да експериментира во јулскиот „прозорец“.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ
2.јули, 2026 – Скопје: Македонија – Ирска
5.јули, 2026 – Луксембург: Луксембург – Македонија
ПОШИРОК СПИСОК НА ИГРАЧИ ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ – ЈУЛИ 2026
Ненад Димитријевиќ – Баерн Минхен-Германија
Андреј Јакимовски – Тренто – Италија
Адем Мекиќ – Задар (Хрватска)
Лејсон Зеќири – Башкими – Косово
Валмир Какруки – Сигал Приштина – Косово
Резарт Мемед – Бора (Косово)
Андреј Шошкиќ – НЦАА-САД
Павел Иванов – НЦАА – САД
Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром
Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром
Виктор Ташовски – ТФТ
Страхил Николов – ТФТ
Стојан Ѓуроски – МКК Куманово
Мухамед Тачи – Чаир 2030
Рубин Стефанов – Ангели
Виктор Ефремовски – Работнички
Андреј Митревски – Пелистер
Лука Стојановски – Пелистер
Никола Бојчев – Кожув
Теодор Симиќ – Кожув
Амар Хот – Маџари
Марко Луканоски – Маџари
Петар Бошалески – Тиквеш Голден Игл
Михаил Наумоски – Феникс 2010


