Откако ја заврши сезоната, Црвена Ѕвезда ја почна потрагата по нов тренер и по се изгледа многу брзо најде решение.
Српските медиуми, меѓу кои и еден кој е спонзор на „црвено-белите“, објавија дека шпанскиот стручњак Ибон Наваро ќе биде нов тренер на евролигашот. Наводно, Наваро и Звезда се договориле за сите детали од претстојната соработка и сè што останува е да се официјализира и објави целиот договор.
Наваро го водеше тимот на Уникаха со голем успех во последните четири години и освои дури седум трофеи, од кои два во Лигата на шампионите на ФИБА. Во текот на сезоната, тој беше цел на многу клубови, а на крајот се одлучи за Белград и црвено-белите, кои ја добија трката за потписот на 50-годишниот стручњак.


