Кошаркарите на Задар убедливо ја победија Цибона со 92-57 во вториот натпревар од финалната серија во хрватското првенство.
Задар со тоа го израмни резултатот во серијата, откако Цибона направи брејк во неизвесниот прв натпревар. Домаќините имаа водство од десет поени по првата четвртина, а разликата во конечниот резултат продолжи да расте до конечните +35.
Прво име на натпреварот беше кошаркарот на Задар, Владимир Михаиловиќ, со 18 поени, шест скока и две асистенции. Меѓу најдобрите во домашниот беше и македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ кој за 16 минути во игра постигна 12 поени со само едно промашување од поле.
Финалната серија сега се сели во Загреб. Третиот натпревар ќе се игра во петок во 20 часот во „Домот на Дражен Петровиќ“. Шампион ќе биде тимот што прва ќе стигне до три победи.


