Македонскиот стручњак Дарко Радуловиќ и претстојната сезона ќе работи во екипата на Старогард Гдањски која ја води веќе 18 месеци.
Денеска тој објави дека го продолжи договорот на уште една година и ќе се обиде да ја доврши мисијата – пласман во Првата лига на Полска.
„Имам чест да објавам дека го продолжив договорот и ќе продолжам да работам со овој извонреден тим. Ветувам напорна работа и целосна посветеност додека заедно работиме на остварување на повисоки цели. Заедно да го направиме следното поглавје најдобро досега“, посочи Радуловиќ.
Старогард Гдањски последната сезона стигна до полуфиналето во плејофот од Втората лига на Полска. Во голем дел од основниот дел од првенството беше на челната позиција, но повредите на главните играчи и неколку несреќни порази го оневозможија таму да остане до крајот.


