Со години, Един Авдиќ беше еден од најпознатите спортски коментатори на просторите на поранешна Југославија, препознатлив по својот специфичен тон, емоција во преносите и длабока поврзаност со кошарката.
Неговиот глас ги придружуваше гледачите низ домашните првенства, АБА лигата, најсилните европски клубови, Евролигата, НБА, но и големите национални натпреварувања.
Можеби најдраматичниот момент во неговата кариера се случи во легендарното финале од АБА лигата, меѓу Партизан и Цибона во Загреб, одлучен со тројка на Душан Кецман од својата половина. Авдиќ и неговиот долгогодишен соработник Ненад Костиќ го коментираа натпреварот, а финишот од мечот остана врежано во историјата на регионалната кошарка.
„Времето не истече“, рече Костиќ, а само момент подоцна следеше извикот на Авдиќ – „Кецмаааааааан“ – кој влезе во колективното сеќавање на љубителите на кошарката, а особено на навивачите на Партизан. Судиите потоа ја потврдија победата на Партизан, а сцената на прослава и неверица сè уште се раскажува денес како една од најдраматичните на овој век.


