Грчкиот стручњак Василис Спанулис е нов тренер на Арис, официјално објави неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ.
Тој ќе го води солунскиот клуб во следните три години, но нема да работи во Евролигата и покрај успесите што ги имаше со претходниот тим Монако. Грчките медиуми веќе објавија претходните денови дека легендата на Олимпијакос е во финални преговори со тимот од Солун, а сега менаџерот на Спанулис, Мишко Ражнатовиќ, го потврди потпишувањето.
Ангажирањето на поранешниот тренер на Монако ги потврдува и високите амбиции на Арис. Доаѓањето на Спанулис ги потврдува и огромните амбиции на Арис и неговиот сопственик од Америка. Овој познат клуб се споменува и во приказните за приклучување кон Евролигата, но тоа сигурно нема да се случи претстојната сезона.
Буџетот на клубот од Солун за следната сезона ќе надмине 10.000.000 евра, додека поранешниот легендарен плејмејкер ќе инкасира бројка од дури 2.000.000 евра. Според грчките медиуми, она што го натерало Спанулис да го избере Арис пред понудите од Евролигата била визијата на клубот, проектот што му бил презентиран, амбициозниот млад сопственик Ричард Хсијао и Никос Зисис.
Vassilis Spanoulis is the new head coach of Aris Thessaloniki! The contract is for three years!#BeoBasket
— Misko4Raznatovic (@MiskoRaznatovic) June 4, 2026
Поранешниот репрезентативен колега на Спанулис, сега спортски директор на тимот од Солун, одиграл голема улога во реализацијата на целиот договор. Зисис веќе на првиот состанок му кажал на популарниот Били што може да очекува од целата организација, а потоа ги презентирал барањата на Спанулис пред раководството на Арис.
Очигледно, „завршните работи“ траеле само уште неколку дена и сега е познато под кои услови грчкиот стручњак ќе седне на клупата на тимот од Солун.


