Направи селфи со Виктор Вембанјама, но скапо плати за тоа. Навивачот кој влезе на теренот за време на првиот натпревар од финалето на НБА помеѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс доби доживотна забрана за присуство на натпревари во најсилната светска кошаркарска лига.
Освен тоа, навивачот кој го проби обезбедувањето и влета да се фотографира со Вембанјама е исто така уапсен.
„Лицето кое влезе на теренот за време на првиот натпревар од финалето на НБА е уапсено и ќе му биде забрането да влегува во сите НБА места доживотно. Уште едно лице исто така ќе биде забрането доживотно за неговата улога во инцидентот“, изјави портпаролот на НБА.
На 6:26 минути до крајот на натпреварот, еден навивач неочекувано втрча на теренот во Фрост Бенк Центарот и направи селфи со Вембанјама. Двајца обезбедувачи веднаш го испратија надвор од теренот и за среќа, нема повредени играчи во инцидентот.
Двата тима се согласија да го продолжат натпреварот со потфрлање на топката по бизарната ситуација што го прекина нападот на Спарс.


