Бранителот на титулата во италијанското првенство Виртус доживеа елиминација во полуфиналето од плејофот откако загуби од Венеција со 1-3.
Во првата фаза, тимот од Болоња буквално се спаси од вакво сценарио против Тренто на Андреј Јакимовски затоа што беше во негатива со 1-2 и четвртиот натпревар го играше на гостински терен, додека во „мајсторката“ пред своите навивачи дури во последната четвртина го скрши отпорот на противникот. Против Венеција не успеа да направи такво нешто. Венеција направи брејк во првиот меч (91-83), а потоа ги доби двата дуела пред своите навивачи, од кои вториот со 90-83 синоќа.
Во финалето, Венеција ќе се сретне со најтрофејниот италијански тим Олимпија Милано кој со 3-1 беше подобар од Бреша иако исто така немаше предност на домашен терен. Ова значи дека Италија ќе добие нов шампион, а за трофејот ќе се борат третиот и чевртиот тим од основниот дел на сезоната.


