Од 26 до 29 јуни, во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи Интернационален кошаркарски камп, организиран од Hoops & Heritage, кој ќе им овозможи на младите кошаркари од регионот да работат со врвни тренери и експерти од САД и Европа.
Кампот ќе биде предводен од меѓународен тренерски тим со искуство од:
• NCAA Division I Basketball
• Nike Elite Youth Basketball League (EYBL)
• NBA Basketball School • NBA Basketball Without Borders
• Професионални лиги во Европа и САД
• Национални и младински репрезентативни програми

Целта на кампот е не само развој на кошаркарските вештини на учесниците, туку и идентификација и селекција на таленти кои ќе добијат можност за понатамошна промоција преку турнири, тренинг кампови и развојни програми во Европа и САД. Најперспективните играчи ќе имаат можност да бидат поврзани со престижни средни училишта, Junior Colleges и универзитетски програми во Америка.
Ова ќе биде втор ваков настан во Скопје. По првото издание, неколку играчи беа селектирани за настапи со New York Renaissance на меѓународни турнири и тренинг кампови во САД, а дел од нив добија конкретни можности за продолжување на своето образование и кошаркарски развој во американски образовни институции. Преку својата широка мрежа на партнери, тренери, скаути и консултанти во Европа и САД, Hoops & Heritage активно работи на создавање нови можности за младите спортисти од Европа.

Тренери на кампот
Главен тренер на кампот ќе биде Џамал Вомак од Њујорк, поранешен НЦАА играч и тренер во програмата на Сент Френсис Бруклин Атлетикс. Денес е директор на New York Renaissance, една од најреномираните младински кошаркарски организации во САД. Преку неговата програма низ годините поминале бројни врвни таленти, меѓу кои и Дилан Харпер, Џонатан Куминга, Жозе Алварадо, Кајл Филиповски и Доминик Барлоу. Дел од стручниот тим ќе биде и Ајра Милер, поранешен НЦАА кошаркар и актуелен тренер за развој на играчи во рамки на НБПА (National Basketball Players Association). Тој е дел од програмите НБА Кошарка без граници, каде работи со млади таленти од целиот свет и помага во нивниот развој кон професионално и универзитетско ниво.

Како тренери и гости на настанот ке бидат и македонски и тренери од Европа со богато искуство. Кампот е наменет за играчи од 12 години па сè до професионални категории, кои сакаат да го подигнат своето ниво на игра, да добијат меѓународна експозиција и да работат со тренери кои успешно им помогнале на многу играчи да ги остварат своите кошаркарски и академски цели. Покажете го вашиот талент. Тренирајте со тренери од светска класа. Создајте можност за својата иднина во Европа и САД.
Организатор: Hoops & Heritage Ограничен број на места. Регистрациите се во тек.
Контакт: 077 967 065 За повеке информации hoopsnheritage.org
ПР текст


