Екипата на Пробаскет е нов шампион на Македонија во конкуренција на јуниорки откако во денешното финале го совлада МЗТ Скопје со 43-41.
Натпреварот имаше исклучително нескојдневен тек бидејќи Пробаскет, кој беше и организатор на завршниот турнир, ја доби првата четвртина со 12-2, а МЗТ Скопје во воведните десет минути не постигна ниеден кош од игра и имаше шут 0/10. МЗТ се врати во вториот период и не само тоа, туку водеше и со 31-25 на средина од четвртината, но потоа до крајот беше неизвесно.

На влезот на последната минута домаќинките поведоа со 43-39, МЗТ намали на два разлика на 32 секунди пред крајот, но потоа двете екипи не успеаја да постигнат кош и Пробаскет ја прославија големата победа.
Богојевска со 15 поени беше најефикасен во победничкиот тим, но МВП признанието отиде кај Душанка Мицева која постигна седум поени и неверојатни 24 скока. Милосављевиќ го предводеше МЗТ Скопје со 14 поени и 18 скока.


