Откако полуфиналниот натпревар од плејофот на израелската лига помеѓу Хапоел Тел Авив и Хапоел Ерусалим беше прекинат поради предупредување за воздушен напад, Антонио Блејкни и Даниел Отуру најавиле дека ќе го напуштат Израел.
Неколку други играчи од тимот на тренерот Димитрис Итудис изразија загриженост за безбедносната ситуација. Според Ноа Поплингер од израелскиот Sport5, Антонио Блејкни и Даниел Отуру денеска си заминат, помошниот тренер Стефанос Дедас, исто така, наводно се обидел да ја напушти земјата, но останал откако клубот го убедил да не го прави тоа.
Во исто време, неколку други играчи во тимот, вклучувајќи ги Тај Одиасе и Крис Џонс, изразија загриженост за моменталната ситуација. Предупредувањето за воздушен напад првично привремено го прекина првиот полуфинален натпревар, пред судиите да означат предвремен крај бидејќи гостите не сакаа да се вратат на теренот.
Иран испука ракети кон Израел синоќа, предизвикувајќи национална паника. Поради безбедносните мерки, собирите на повеќе од 500 луѓе беа забранети. На крајот од третата четвртина, судиите го прекинаа натпреварот, ги испратија играчите во соблекувалните и им наредија на гледачите да ја напушти салата. Хапоел Тел Авив водеше со 77-67 по три четвртини.
За вечерва е закажан првиот дуел од втората полуфинална серија Макаби Тел Авив – Хапоел Холон.


