За разлика од фудбалскиот тим каде Алваро Арбелоа доби отказ по сезоната без трофеј, тренерот на кошаркарската секција на Реал Мадрид, Серџо Скариоло ќе остане на својата функција.
„Кралевите“ имаат една од најлошите сезони досега и по 15 години не стигна ниту во полуфиналето на АЦБ лигата Покрај тоа, тие останаа со празни раце и во Копа дел Реј (освоен од Басконија), Суперкупот (освоен од Валенсија) како и во Евролигата, каде што загуби од Олимпијакос.
И покрај тоа, Флорентино Перез донесе необична одлука: Серџо Скариоло ќе остане тренер на Реал Мадрид. Ова се случува многу ретко. Скариоло лани потпиша тригодишен договор, што значи дека има уште две години во Мадрид и отштетата би била неверојатно скапа, а пред клубот е многу напорно лето.
Очигледно следува реконструкција на ростерот, а најавени се заминувања на Треј Лајлс, Чума Океке и Габриел Дек.


