Виктор Вембанјама ја оствари својата прва победа во финале од НБА лигата, а Њујорк Никс сега се соочуваат со потешка задача ако сакаат да ја прекинат 53-годишната суша без шампионска титула.
Францускиот феномен го предводеше Сан Антонио Спарс до победа од 115-111, намалувајќи го водството на Никс во серијата на 2-1. Вембанјама заврши со 32 поени, осум скока и шест асистенции и покажа дека е лидер на оваа екипа која претходно ги загуби двата натпревара на домашен терен. Вембанјама, чија грешка во финишот од вториот натпревар го запечати поразот на Спарс, одигра речиси беспрекорен натпревар. Постигна десет поени во последната четвртина и им помогна на Спарс да изградат доволно големо водство за да одбијат уште еден обид за враќање на Никс предводени од Брансон.
Победата на Спарс им го донесе на Никс првиот пораз по 46 дена. Серијата од 13 победи на Никс, втора најдолга во историјата на плејофот, беше прекината и тие пропуштија шанса да се приближат до својата прва титула од 1973 година.
Стефон Касл и Диерон Фокс ги погодија клучните шутеви во последните минути, помагајќи им на Спарс да избегнат дефицит од 0-3 од кој ниту еден тим во историјата на НБА не се вратил. Сега тие имаат шанса да го израмнат резултатот во среда навечер, повторно на теренот на Њујорк со што би се вратиле во Сан Антонио со 2-2 за петтиот меч в сабота. Брансон беше најефикасен кај Никс со 32 поена, Ануноби додаде 28, а Касл 23.
Навивачите, кои трпеливо чекаа во долги редици поради зголеменото обезбедување, некои плаќајќи петцифрени бројки за билети, беа почестени со возбудлив натпревар со пресврт во првото финале што се игра во Медисон Сквер Гарден од 1999 година.


