Претседателот на САД, Доналд Трамп го потврди најавеното и присуствуваше синоќа на третиот меч од финалната серија во НБА, меѓу Њујорк и Сан Антонио.
Натпреварот го следеше од приватна ложа, заедно со сопственикот на Никс, Џејмс Долан, но по се изгледа, не виде многу од играта. На социјалните мрежи се појавија снимки како спие среде натпревар за што доби еден куп критики.
🚨JUST IN: DONALD TRUMP HAS FALLEN ASLEEP IN MSG WATCHING THE NBA FINALS 😅 pic.twitter.com/a5fbRZL0JM
— Polymarket Sports (@PolymarketSport) June 9, 2026
Пред почетокот, додека држеше говор, тој беше жестоко исвиркан од присутните во Медисон Сквер Гарден, а ова не му е првпат да заспие на јавен настан.


