Поранешниот руски репрезентативец Џоел Боломбој е пред заминување од Црвена Звезда, по тригодишна соработка со белградскиот клуб.
Како што стојат работите, само огромен и неочекуван пресврт на настаните може да доведе до тоа 32-годишникот да остане во клубот од српската претолнина. Договорот на Боломбој истече и тој моментално е слободен агент. Многу е поверојатно дека тој, како и Коди Милер-Мекинтаер, ќе ја напушти Црвена Звезда, отколку дека ќе го продолжи договорот како Дејан Давидовац.
Боломбој беше соиграч на Милош Теодосиќ, новиот спортски директор на Црвена Звезда. Пред неговиот период во црвено-белиот дрес, Боломбој и Теодосиќ ја делеа соблекувалната и во ЦСКА Москва.
Искусниот центар пристигна во Црвена Звезда во летото 2023 година и беше еден од клучните играчи во тимот на Јанис Сферопулос кој го освои Купот на Србија, АБА лигата и КЛС во 2024 година. Тој беше можеби најдобриот играч на „црвено-белите“ во сезоната 2024/2025, сè додека не го повреди стапалото што го држеше надвор долго време.
Се врати во тимот предводен од Саша Обрадовиќ на почетокот на 2026 година, но беше јасно дека не е во можност да ја постигне формата од претходната сезона.
Кошаркарот роден во Украина има импресивна кариера зад себе, во која играше за Јута Џез, Милвоки Бакс, ЦСКА Москва (со која ја освои и Евролигата во 2019 година) и Олимпијакос. Тој играше и за руската репрезентација, бидејќи неговата мајка е Русинка.
Додека работи на играчкиот состав, Црвена Звезда е во подготовка на официјална промоција на новиот тренер Ибон Наваро кој можеби веќе денеска ќе биде претставен.


