Македонскиот репрезентативец Бобан Стајиќ го напушти Пелистер и во следните две сезони ќе биде член на МКК Куманово.
Практично тој се враќа во градот каде што играше безмалку една сезона (2017/18), пред да се пресели во Работнички. Претходните две сезони ги помина во тимот на Пелистер каде беше еден од носителите на играта, а претстојната ќе биде адут на екипата предводена од Марин Докузовски.
Пелистер се наоѓа во фаза на реорганизација, најверојатно ќе остане без главниот спонзор што значи дека и голем дел од играчите ќе можат да си бараат нова средина.
Стајиќ последната сезона одигра 31 натпревар за Пелистер во домашното првенство, со просек од 9,4 поени, 5,6 асистенции и 2,9 скока и индекс 11.


