Партизан намали на 1-2 во финалето на АБА лигата и се избори за четврти натпревар во серијата со Дубаи.
На првиот меч пред своите навивачи, „црно-белите“ славеа со 84-70 со што ги продолжи надежите за одбрана на титулата во регионалното натпреварување. Победата на белградскиот тим е апсолутно заслужена ако се знае дека водеше безмалку во текот на сите 40 минути.
Првпат се одлепи на 23-10 по серијата од 13-0, па до крајот на мечот Дубаи ретко се спушташе на едноцифрена негатива. Затоа и финишот не донесе никаква неизвесност и само се очекуваше крајот на натпреварот.
Четвртиот натпревар од серијата се игра повторно на теренот на Партизан, в петок од 19 часот.


