Екипата на Цволе ја освои втората шампионската титула во холандското првенство во својата историја откако во финалната серија беше подобра од Леиден со 3-1.
По двете победи на теренот на противникот, во првиот и третиот натпревар, Цволе вечерва славеше на домашен терен со 90-74. Дека титулата не е случајна, најдобар доказ е тоа што сите три победи Цволе ги оствари на убедлив начин, со 18, 14 и 16 поени разлика, додека единствениот пораз што го доживеа беше со само два разлика (66-68).
На патот до шампионскиот трофеј, Цволе ги победи уште Ден Хелдер со 2-0 и Ден Бош со 3-1. Единствената досегашна титула овој тим ја освои во 2019 година кога во финалето беше подобар од Гронинген со 4-2.
Генерален менаџер на Цволе е поранешниот селектор на македонската репрезентација Александар Тодоров кој со својата работа и пред се селекцијата на тимот, има огромен придонес во освојувањето на титулата.


