Екипата на Цибона ја освои 21. шампионска титула во хрватското првенство откако во финалето го совлада бранителот на трофејот Задар со 3-2.
„Мајсторката“ се играше вечерва во арената „Крешимир Ќосиќ“ во Задар, но домашните навивачи кои ги преполнија трибините на крајот не дочекаа да се израдуваат на нова шампионска титула. Цибона славеше со 82-75, прекинувајќи ја со тоа тригодишната доминација на Задар во домашното првенство.
Натпреварот беше решен vо драматична завршницa. На 103 секунди пред крајот, Задар имаше -5, но и две слободни фрлања со напад по неспортската грешка на Марјан Чакарун. Сепак, прво Борис Тишма ги промаши двете фрлања, а потоа Борна Капуста не беше прецизен при шут за тројка. Цибона не го реализираше следниот напад, додека Задар го намали резултатот на 73-76 со брз кош на Владимир Михаиловиќ само 57 секунди пред крајот.
Роберсон промаши потоа скок-шут за +5 за Цибона, додека Кларица остана сам во аголот од другата страна, но кошаркарот на Задар промаши шут за израмнување. Јан Палокај ја прифати одбиената топка, но се повреди при фаулот на Капуста. Виго Барт место него ги изведе слободните фрлања и ги погоди за 78-73. На другата страна, Капуста промаши тројка, а Барт со ново слободно фрлање се погрижи за 79:73. Михаиловиќ намали на -4 на само шест секунди пред крајот, но задрани не можеа да направат повеќе од тоа и Цибона ја прослави титулата на теренот на големиот ривал.
Триумфот на загрепскиот тим значеше дека македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ нема да ја освои третата шампионска титула во првенството на Хрватска. Тој веќе има два трофеја, од 2023 и 2024 година, но за третиот ќе мора да почека барем до идната сезона, ако остане во Задар.


