На средина од сезоната, веројатно ни најжестоките навивачи на Барселона не можеа да се надеваат на борба за титулата во домашното првенство, но по два меча во полуфиналето, каталонскиот тим е многу блиску до серијата за трофејот.
Барса повторно го совлада Тенерифе, сега со 97-89 и со предност од 2-0 ќе патува на Канарските острови. Потребна ѝ е уште една победа за да обезбеди место во финалето што секако ќе биде голем успех по она што се случуваше во основниот дел од првенството.
Вечерва Барселона се коцкаше бидејќи од +15 во третата четвртина, му дозволи на Тенерифе да израмни во последниопт период. Сепак, по 73-73, „каталонците“ направија серија од 7-0, подоцна повторно направија двоцифрена предност и мирно го приведоа мечот кон крајот.
Четата на Чави Пасквал го преживеа одличниот австралиски репрезентативец Пати Милс кој постигна 36 поени. Сепак, далеку зад него остана ветеранот Уертас со 14 поени, додека домашниот тим рамномерно ги распореди поените и на крајот тоа се покажа како правилен концепт.
Третиот натпревар од серијата се игра в сабота на теренот на Тенерифе и ако Барселона победи, ќе биде прв финалист.


