Довчерашниот предводник на Уникаха од Малага, Ибон Наваро од денеска официјално е нов тренер на Црвена Звезда!
Андалузискиот клуб се збогува со него во вторникот, а веќе денеска Звезда потврди дека Наваро е наследник на Саша Обрадовиќ, односно Милан Томиќ кој ја водеше екипата на завршниот турнир од српското првенство. Интересно е тоа што претстојната сезона и Партизан и Црвена Звезда ќе имаат шпански стручњаци бидејќи на клупата на !црно-белите“ извесно е дека ќе остане Жоан Пењароја.
Ибон Наваро нови је тренер КК Црвена звезда Меридианбет! Шпански стручњак, који је са великим успехом предводио екипу Уникахе и освојио седам трофеја за четири сезоне, стиже у Београд, где га чека нови изазов, као првог тренера црвено-белих!
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) June 12, 2026
Наваро у Београду отвара ново… pic.twitter.com/GSug9m7cfu
Наваро ја почна својата тренерска кариера во младинските категории на Басконија, а работеше и во Тенерифе, Валенсија, Манреза, Мурсија, Андора и Уникаха. Најдлабока трага остави во тимот од Малага, каде што од неговото доаѓање во 2022 година, го водеше клубот до еден од најуспешните периоди во историјата. За време на неговиот мандат во Малага, освои две титули во Лигата на шампиони на ФИБА, две во Копа дел Реј, две во Интерконтиненталниот куп и еден во Суперкупот на Шпанија што го прави најодликуваниот тренер на клубот.
Покрај трофеите, Наваро стекна репутација на експерт кој, со ограничен буџет, успева да се натпреварува под рамноправни услови со многу побогати ривали. Неговите тимови се познати по нивната агресивна одбрана, висок интензитет на игра и широка ротација на играчи. Интересен детаљ од неговата биографија е дека дипломирал органска хемија.


