Партизан синоќа се збогуваше со Двејн Вашингтон, кратко откако загуби од Дубаи во финалето на АБА лигата.
„Црно-белите“ беа поразени во финалето на регионалното натпреварување, а околу полноќ, додека траеше прославата во Дубаи, објавија порака на социјалните мрежи.
Dve godine i dva trofeja u crno-belom dresu! Hvala na svemu Voš, puno sreće u nastavku karijere!🖤🤍 pic.twitter.com/szhhljf2GL
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) June 12, 2026
„Две години и два трофеи во црно-белиот дрес! Ти благодариме за сè Вош, среќно во остатокот од твојата кариера“, стоеше во објавата.
Вашингтон со тоа стана првиот играч кој официјално се прости со Партизан по завршувањето на очајната сезона во која клубот не освои ниеден трофеј. Доведен беше како големо засилување во 2024 година, на почетокот имаше проблеми бидејќи мораше да оди во НБА лигата и таму ја почна сезоната, но само на моменти покажуваше зошто дојде во Партизан. Навивачите го посочија како еден од главните виновници за заминувањето на Жељко Обрадовиќ, а оваа сезона во Евролигата, просечно постигнуваше по 14,9 поени.
Српските медиуми шпекулираат дека ќе си замине и Ник Калатес кој беше еден од лидерите на теренот.


