Екипата на Барселона се пласираше во финалето на АЦБ лигата, откако го победи Тенерифе со 3-0.
Клучната победа ја оствари вечерва на гостински терен каде славеше со 85-76, и ќе се бори за првата титула по пауза од три години.
По првото полувреме, не изгледаше дека тимот на Чави Пасквал ќе триумфира. Домашните постојано беа во водство, во втората четвртина и со 14 разлика, но на голем одмор се замина со +8 (42:34). Сепак, во вториот дел работите се променија. Прво Кевин Пантер влезе во серијата, а потоа и Вил Клајбурн. Одеднаш, тимот на Тенерифе стана немоќен, а „каталонците“ го свртеа резултатот во своја корист.
Кога ситуацијата беше замрсена и Тенерифе се врати во игра, Клајбурн зеде некои од своите карактеристично тешки тројки, со што ја поништи секоја надеж на домашниот тим дека може да направи голем пресврт. Клајбурн го заврши мечот со 19, Пантер додаде 17, додека на другата страна Марселињо Уертас постигна 17 поени, со шест асистенции. Во финалето, Барселона ќе го има подобриот од дуелот Хувентут – Валенсија каде резултатот е 2-0 за евролигашот.


