Њујорк Никс е шампион на НБА лигата за сезоната 2025/26 откако во петтиот натпревар од финалето го совлда Сан Антонио Спарс со 94-90 и стигна до титулата со вкупен резултат 4-1. Тоа е прва титула за клубот од Медисон Сквер Гарден по 1973 година.
Петтиот натпревар од финалето се одигра во Сан Антонио, а домашниот тим подобро го отвори подобро и дојде до двоцифрена предност во текот на првото полувреме. Спарс имаа водство од 16 поени во неколку наврати, додека Никс се мачеа да го пронајдат својот ритам во нападот и шутираа под 30 проценти од игра. Сепак, како и многу пати за време на овој плејоф, тимот од Њујорк покажа карактер кога беше најпотребно.
Предводени од фантастичниот Џејлен Бренсон, Никс постепено ја намалуваа разликата. Брилијантниот плејмејкер постигна 45 поени, најмногу во кариерата, од кои 29 беа во второто полувреме. Особено се истакна во последната четвртина, кога постигна 15 поени и практично сам го однесе својот тим до историски успех. За своите игри во текот на финалната серија, тој заслужено ја однесе наградата за најкорисен играч во финалето.
Спарс се обидоа да одговорат преку Виктор Вембанјама и дебитантот Дилан Харпер. Харпер го заврши натпреварот со 25 поени, додека Вембањама запиша 19 поени, 14 скока и пет блокади. Сепак, во финалето, домашниот тим не успеа да најде решенија против цврстата одбрана на Њујорк, во која особено се истакнаа Ануноби и Бриџис.
Последните минути донесоа голема борба на двете страни од теренот, но Никс ја задржаа својата предност и чекаа да се огласи последната сирена за голема прослава. Така заврши една од најдолгите шампионски суши во американскиот професионален спорт, бидејќи франшизата од „Големото јаболко“ чекаше на нова НБА титула цели 53 години.
На Сан Антонио му останува утеха само од фактот дека зад себе има исклучителна сезона. Младиот тим предводен од Вембанјама, Харпер и Стефон Касл стигна до големото финале и навести дека би можел да биде еден од главните претенденти за шампионски прстен во годините што доаѓаат.


