Алба Берлин направи брејк во финалето од германскиот кошаркарски плејоф и израмни на 1-1 во серијата со Баерн.
Тимот од Берлин славеше во Минхен со 86-79 и покрај одличната партија на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. Нашиот плејмејкер на теренот помина 21 миинута и за тој период постигна 20 поени со три тројки од шест шута и 5/5 од линијата за слободни фрлања.
Следните два натпревара се играат на теренот на Алба и Баерн ќе мора да победи барем на еден од нив за да ја врати серијата во Минхен и да остане во игра за титулата.


