Славниот грчки плејмејкер Ник Калатес официјално го напушта Партизан и кариерата ќе ја продолжи во државата за која настапува.
Денеска тој пристигнал во Солун каде ќе стави потпис на двегодишен договор со ПАОК и ќе биде еден од најголемите адути на тренерот на овој тим Андреа Тринкиери. Последната полусезона Калатес го помина во Партизан, но поради хаотичната состојба во клубот, не можеше целосно да ги покаже своите квалитети, а белградскиот тим ја заврши кампањата без ниеден трофеј.
ПАОК ќе биде втор грчки клуб во кариерата на Калатес откако во два наврата играше и за Панатинаикос, од 2009 до 2012 и од 2015 до 2020 година.


