Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс би можел да ја продолжи кариерата во Шпанија и во тимот на Валенсија, објавува „Спортандо“.
Валенсија наводно е сериозно заинтересирана за неговите услуги и веќе го гледа како идеален наследник на Жан Монтеро, кој би можел да го напушти шпанскиот клуб во текот на летото и да го засили Олимпијакос. Се наведува дека е постигнат прелиминарен договор меѓу двете страни, а Шортс е отворен за можноста да се пресели во Валенсија, каде што повторно би имал централна улога во спортскиот проект и би бил еден од клучните играчи на тимот, како што беше во Париз и Телеком Бон.
Сепак, со оглед на тоа што има уште една година од договорот со Панатинаикос, Шортс прво ќе мора да најде начин да го напушти грчкиот клуб со заедничка согласност ако сака да ја смени страната ова лето. Атаман не беше задоволен од неговите игри и често го критикуваше, но турскиот стручњак вчера го напушти Панатинаикос и ќе се бара замена за него.
🚨 TJ Shorts is seeing some playing time in these finals in Greece, but his future appears to lie elsewhere.
— Alessandro Luigi Maggi (@AlessandroMagg4) June 13, 2026
The American point guard still has one year left on his contract with Panathinaikos and will need to find a way out; if he gets the green light, Valencia now appears to… pic.twitter.com/dvGxWxc0u6
Шортс изгради репутација како еден од најдобрите плејмејкери во европската коашрка последните сезони благодарение на неговите брилијантни настапи во Бон и Париз што му донесе трансфер во европските гиганти од Атина минатото лето. Сепак, конкуренцијата во Панатинаикос и специфичната распределба на улогите не му го дозволија статусот што го имаше во претходните клубови, па затоа се повеќе се зборува за можно заминување по само една сезона.
Интересно е тоа што во текот на сезоната, Валенсија се интересираше за уште еден македонски репрезентативец – Андреј Јакимовски кој деновиве треба да донесе конечна одлука за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, по една сезона помината во Тренто.


