Јадранската лига повторно ќе се шири претстојната сезона и би требало да ја достигне бројката од 20 клуба, како што беше планирано и овозможено лани.
Нови членови на регионалната елита од следната сезона ќе бидат Слован Братислава, како и Цибона од Загреб. Словачкиот тим веќе се согласил да плати половина милион евра за да добие специјална покана, додека хрватскиот гигант, кој веќе неколку години е во сериозни финансиски проблеми, уценува. Цибона е подготвена да ја плати гореспоменатата сума и да игра во АБА лигата, но ќе ги даде парите само ако вратите на Еврокупот се отворат за неа. Во моментов, постојат позитивни знаци дека ова навистина би можело да се случи, бидејќи Евролигата, под чие покровителство е и Еврокупот, наводно нема ништо против тоа и е подготвена да ѝ додели посебна покана на Цибона, а предвидена е една покана.
Но, Цибона не е единствената што уценува во оваа приказна… Иако АБА лигата и Евролигата во принцип се согласија со барањето на Цибона да игра во Еврокупот, интервенираше Хрватскиот кошаркарски сојуз, барајќи поранешниот европски првак да игра во Лигата на шампионите на ФИБА. И ако не го сторат тоа, ќе им бидат скратени 400.000 евра колку што се предвидени како субвенции за играње во натпреварувањата на ФИБА.
Доколку Цибона сè уште го задржи својот став за играње во АБА лигата, Хрватското првенство и Еврокупот, при што Слован речиси сигурно е веќе нов член на АБА лигата, регионалното натпреварување ќе има две групи од по 10 екипи следната сезона, а потоа ќе се формираат групите ТОП 8 и ТОП 12. Плеј-инот останува составен дел од натпреварувањето, како и плеј-оф натпреварите за опстанок во АБА лигата.
Цибона лани испадна од АБА лигата и потоа одби да игра во втората лигата. Во меѓувреме, клубот ја освои титулата во домашното првенство, прекинувајќи ја тригодишната доминација на Задар, но подеднакво важно е тоа што „крвната“ односно финансиската слика драстично се подобри, долговите се санирани и сега е подготвена за голем камбек во регионалната кошарка.
Што се однесува до Слован, тој не е најсилен клуб во Словачка, туку со години доминантна сила е Левице. Во финалето од плејофот, Левице го прегази Слован со 4-1, а последниот меч го доби со 50 разлика (126-76).


