По немирите што го означија крајот на финалната серија од грчкото првенство и тепаќката меѓу Тајрик Џонс и Кендрик Нан, надлежните органи ги изрекоа првите дисциплински мерки.
Грчката комисија за спречување и сузбивање на насилството објави дека и Олимпијакос и Панатинаикос се казнети со играње по еден натпревар без публика во домашното првенство следната сезона.
Најголемата индивидуална санкција му е изречена на кошаркарот на Олимпијакос, Тајрик Џонс кој ќе мора да плати 100.000 евра за инцидентот со Нан. Комисијата процени дека неговиот прекршок бил посериозен, па затоа бекот на Панатинаикос е казнет со 50.000 евра.
Тие се максимални казни што Дисциплинската комисија може да ги изрече – еден натпревар без публика за клубовите и 100.000 евра за играчите. Сепак, постапката сè уште не е завршена, бидејќи се очекува и Грчката кошаркарска лига да спроведе дополнителни дисциплински процеси и евентуално да изрече нови казни.


