Утре во Самоков, македонската кошаркарска репрезентација ќе одигра подготвителен натпревар против Бугарија, пред последните два меча од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
Двете селекции ќе бидат некомплетни бидејќи селекторот на Македонија, Берокал се уште ги нема на располагање сите кошаркари на кои смета, но и Бугарите ќе бидат без својата најголема ѕвзезда Александар Везенков. Кошаркарот на Олимпијакос ќе се приклучи на подготовките на 26 јуни и потоа ќе игра во решавачкиот натпревар за првото во групата, против Норвешка на 5 јули на домашен терен. На Бугарите им е потребна победа од десет разлика на тој натпревар за да продолжат во следната фаза од претвалификациите.
Против Македонија, бугарската репрезентација ќе го има новиот натурализиран кошаркар Умоџа Гибсон кој е член на Олимпија.
Можно е Македонија и Бугарија да одиграат пријателски натпревар и на 25 јуни во Градски парк во Скопје, но за тоа се уште се чека договор од двете страни.


